Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски: Да се обединиме во стремежите за мир и просперитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати писмо во кое го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици, на поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на МПЦ - ОА и на сите верници кои денеска го чествуваат празникот.

— реклама —

„Симболиката на вековното празнување на Богојавление - Водици во Црквата и во народната традиција, што потсетува на Исусовото крштевање во реката Јордан, има длабоко и суштинско значење, бидејќи упатува на обновата како на неминовен дел од духовниот развој на личноста, но и на заедницата.

— реклама —
— реклама —

Денес, заедничко добро е да се осигура мирот и да се обезбедат егзистенцијата и просперитетот со разбирањето, грижата едни за други и со заедничка поддршка на развојот, како предизвик и обврска на секој совесен човек и повикани сме сите кон оваа цел да ги вложиме и обединиме нашите стремежи.

— реклама —

Нека е честит и вековит големиот христијански празник, Богојавление – Водици“, напиша во писмото до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, премиерот Димитар Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања