Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски дезертирал со тапија за трајно неспособен - затоа оставка, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-0123

Дезертерот Ковачевски го избегнал служењето на воениот рок правдајќи се дека е трајно неспособен. Додека децата, татковците и браќата во илјадници семејства беа испраќани во првите борбени линии да го бранат суверенитетот и интегритетот на Македонија, Ковачевски трчал по лекарски уверенија за да докаже дека е трајно неспособен, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Очигледно дека антимакедонството и клептоманството се двете доминантни вредносни матрици во СДС.

— реклама —

Ковачевски е недостоен за вршење на функцијата премиер, бидејќи и да се работи за лажно лекарско уверение, и да се работи заљ вистинска трајна неспособност, факт е дека тој не и служел на Македонија кога требало. Еднаш дезертер секогаш дезертер.

— реклама —

Еднаш лажов секогаш лажов. А може и двете во еден лик. Доколку е правена интервенција, тогаш се одредува дијагноза ВРЕМЕНО неспособен и се одложува периодот, а во ситуацијата Ковачевски приложил тапија за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

— реклама —

Ковачевски од 18 години имал можност да го отслужи воениот рок, но синчето на функционер избегнувало за да на крај се прогласи за трајно неспособно. Штом е трајно неспособен, а ние би дополниле и ТОТАЛНО НЕСПОСОБЕН, тогаш нека има барем грам доблест и нека си поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања