Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет меѓу 2000 универзитети на Шангајската листа, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Каква власт, такво образование, но и катастрофално рангирање на македонските универзитети кои ги нема на Шангајската листа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Уште едно потфрлање на владата на СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет од Македонија меѓу 2000 најдобри факултети на Шангајската листа.

— реклама —

Со СДСМ И ДУИ е пробиено дното во образованието затоа што ниту една високообразовна институција од Македонија не се најде меѓу најдобрите 2000 на новото академско рангирање на универзитетите во Светот.

Уште еден „успех“ од серијалот на „Блескаме“ на ненародната власт на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Додека универзитетите во регионот се борат за место меѓу првите 1000, а некои од нив и меѓу првите 500 универзитети, ние се соочуваме со резултати кои одамна се алармантни, но што е полошо за нивно подобрување не се бори никој од релевантните институции.

— реклама —

Со Владата на Ковачевски македонското образование ниже само порази и е предмет на диктатура и распродажба.

Катастрофалните образовни политики се потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа ненародна и предавничка Влада.

— реклама —

Без инфраструктурни проекти, без повисок стандард на професорите кои се со потпросечни примања, без вложувања во лаборатории и истражувачки центри е високото образование последниве неколку години. Наместо проекти во образованието, досегашните министри, дали од ДУИ или од СДСМ мислам само на по некој наместен тендер на нивни блиски фирми.

Учебници нема, свидетелства нема, ама затоа по диктат и уцени ќе се менуваат учебници во Македонија, ќе се ретушира историјата и ќе се менуваат лекции за историски настани и личности по урнек на бугарските барања“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања