Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски е спремен да земе кредит кој е условен со затворање на РЕК Битола и Осломеј, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Ковачевски за да ги покрива економските катастрофални состојби е спремен да земе кредит кој е условен со затворање на РЕК Битола и Осломеј. Ковачевски многу добро ги знае овие работи, но ја замајува јавноста и не ја говори вистината. Во предлог законот кој се однесува на ликвидноста на ЕЛЕМ (ЕСМ) стои дека услов за добивање на средствата е да се затвори Осломеј до 2023, а РЕК Битола до 2027 година. Тоа значи дека со ваквиот потег власта може да остави без егзистенција 4000 семејства, а дополнително уште 40 илјади други работни места индиректно поврзани со овие два клучни енергетски капаците може да бидат загрозени, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дополнително ваков кредит од 100 милиони евра може да предизвика губење на енергетскиот суверенитет на Македонија, бидејќи освен затворањето на двата суштински енергетски капацитети се предвидува интегрирање на македонскиот енергетски пазар со грчкиот и бугарскиот.

— реклама —
— реклама —

Заради гола власт Ковачевски и СДС ја раскрчмуваат Македонија. Економијата веќе е на работ на пропаста. Македонија според Светска Банка има најниска прогноза за раст на БДП во 2022 година, а единствено полоши од нас ќе завршат Украина и Русија кои се директно во војна. Речиси 12 илјади компании се затворени за година и пол, а уште на толку им се заканува клуч на врата во наредниот период. Згора на се, Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа со 18,7%. Оваа стапка на инфлација е двојно повисока од европскиот процес, што покажува дека инфлацијата во Македонија не е увезена, туку е производ на неспособноста на оваа влада предводена од Ковачевски.

— реклама —

Стандардот и економијата паѓаат, а криминалот и корупцијата на власта растат. Тоа мора да престане. Оваа власт мора да замине, а потоа да сноси одговорност за катастрофата која ја предизвика“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања