Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски е заложник на Ахмети, една година владее како до сега, со криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

Ковачевски е заложник на Ахмети, една година владее како до сега, со криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со Ковачевски ништо не се смени, напротив, уште повеќе се зацврсти криминалот. Тој е заложник на Ахмети, зошто само тој го држи на власт.

— реклама —

Ковачевски го гледа само личниот интерес. Уште со доаѓањето на СДС на власт тој со неговиот кум ја основал Пиксел груп, која заедно со КМГ ЕОЛ Квазар на неговиот кум зема грантови од државата, тендери и склучува договор со ЕВН додека тој е функционер.

Како Ковачевски функционира цела Влада. Матните зделки и тендери им се главна цел.

— реклама —

Покрај криминална, Владата е и неспособна. Македонија има инфлација од 20% на врвот во Европа. Се увезува струја и над 20 милиони евра месечно, затоа што власта е неспособна да произведе.

— реклама —

Во поглед на безбедноста, Владата е неспособна да ги заштити граѓаните. Со месеци неможе да пронајде кој е дојавувачот на лажните бомби и внесува несигурност кај граѓаните.

Ковачевски ги остави и учениците без книги, а болните без лекови. И образованието и здравството се во хаос.

— реклама —

Земјоделците се незадоволни и неможат да си го продадат произведеното.

Ковачевски и Ахмети не можат да ја водат Македонија. Потребни се промени и нова Влада за подобра иднина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања