Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски-Ескобар: Стратешкиот дијалог со САД отвора перспективи за нови проекти и иницијативи од интерес на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17062022_PVRSM_Kovachevski_sredba_Eskobar-3

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој учествува на годинешното издание на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, беше истакнато дека односите меѓу Северна Македонија и САД бележат постојано унапредување што беше потврдено и со почетокот на процесот за Стратешки дијалог во Вашингтон на 2 јуни 2022 година.

— реклама —

За истакнување е фактот, беше потенцирано за време на разговорот, што Северна Македонија е првата земја од Западен Балкан која го започна стратешкиот дијалог со САД како следна напредна фаза во политичката и економската соработка со идентификување на нови проекти и иницијативи од заеднички интерес.

— реклама —

На средбата Ковачевски и Ескобар разговараа за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, која уште еднаш е оценета како неоправдана и со ништо неиспровоцирана и како исклучително сериозна за меѓународната безбедност и сигурност.

Премиерот Ковачевски во разговорот со Ескобар истакна дека Северна Македонија продолжува да ги применува стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во операциите на НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

— реклама —

Заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, ја нагласи неопходноста од итен почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и ја потенцираше поддршката на САД за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија.

— реклама —

Секое натамошно одлагање на тој процес, нагласија двајцата соговорници, предизвикува сериозни регионални последици и ги поттикнува ризиците за зголемено влијание на трети страни.

Премиерот Ковачевски на средбата ги посочи придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“, која, како што потенцираше заменик-помошникот на државниот секретар Ескобар, САД целосно ја поддржува и ја оценува како особено значајна за регионалниот развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања