Промени тема
Контакт

Ковачевски-фон дер Лајен: Брисел силно го поддржува дијалогот Скопје-Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
02032022_PVRSM_Kovacevski_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска оствари телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК фон дер Лајен, на премиерот Ковачевски му изрази благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија, за кои истакна дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

— реклама —
— реклама —

Воедно, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен искажа честитки за посветеноста на дијалогот Скопје-Софија и уште еднаш повтори дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.

— реклама —

И покрај загрижувачката ситуација со Украина која се наметна како приоритет, премиерот Ковачевски информираше дека владите на Северна Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања