Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски-Фон дер Лајен: Силна поддршка од ЕУ за европска интеграција на Македонија, да не се пропушти еднствената шанса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Атина, по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

На средбата, беа разменети мислења за најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. Беше истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

— реклама —

Премиерот Ковачевски и претседателката на европската комисија Фон дер Лејен, разменија мислења за текот на скрининг процесот и очекуваното отворање на првите кластери од преговорите.

— реклама —

Двајцата соговорници се осврнаа на продобивките за земјите од Западен Балкан од новиот план за раст на претседателката Фон дер Лејен, како што се приближувањето до единствениот пазар на ЕУ и продлабочувањето на регионалната економска интеграција, кои се исклучително важни за секоја од земјите.

Клучно за земјите од Западен Балкан е да се забрзаат фундаменталните реформи, за што ЕУ ќе ги зголеми претпристапните средства за земјите од регионот.

— реклама —

Говорејќи за предностите на членството во ЕУ, уште еднаш беше потенцирано дека е од клучна важност да не се пропушти оваа шанса за членство на Северна Македонија во Унијата.

На средбата се разговараше и за состојбите и перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, чија евроинтеграција има геостратешка и безбедносна важност за цела Европа.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања