„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачевски ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да почнат да работат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска во одговор на новинарско прашање ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да почнат да работат, порачувајќи дека уцени не прифаќа и дека нема да дозволи ограничување на Собранието за носење на потребните закони и одлуки во интерес на граѓаните по најавите за блокади од опозицијата.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ пред скоро една година доби мандат во најголем дел од општините во државата и гелдате што се случува во општините немаат ниту еден проект. На почеток почнаа да прават некои презентации ама тоа беа проекти коишто беа оставени од градоначлниците од претходно. Сега гледате дека нема ништо. Во градот Скопје освен што како во хокеј се менуваат директорите на секои 2 месеци ништо друго не се случува. Затоа нека ја земат одговорноста во свои раце, нека покажат дека можат да работат во општините, за тоа што ветуваа а ниту едно ветување не е остварено. Парламентот да функционира. Владата има зголемена парламентарна поддршка во Собранието виз-а-ви претходната Влада, бидејќи сега имаме 64 пратеници поддршка, нова партија којашто се приклучи во коалицијата. Не постојат никакви ограничувања за носење на потребните одлуки за граѓаните.“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски рече дека тој е во постојана комуникација со повеќе претседатели на политички партии како и со премиери од соседните држави за справување со последиците од економската и енергетскстата криза, и додаде дека може да се разговара со сите политички партии но, за теми кои се од интерес на граѓаните и решавање на проблемите.

— реклама —

„Ние може да разговараме со сите партии. Јас и денеска имам состаноци со претседатели на политички партии за унапредување на решенија, за справување со последиците од енергетската криза, со економската криза. Јас сум во дневна комуникација со претседателите и премиерите од земјите на соседните држави се со цел да овозможиме полесно пребродување на кризата. Но уцена со одбројување 5 дена, 4 дена, единствена точка на дневен ред предвремени избори, таква средба не може да има.„ рече претседателот Ковачевски во одоговр на новинарско прашање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sdsm-zecevic-kovacevski-8

(Видео) Ковачевски одби да го пофали Миле Зечевиќ: беше ли тој најдоброто во СДСМ? Му се плаши ли?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

(Видео) Шефот одговара: Чии интереси застапуваше Османи, министер во Владата на Ковачевски?

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Жестока дебата за одговорноста ќе се бие на Конгресот на СДСМ

Македонија | пред 1 година

IMG_3493

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања