Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски ги заштити граѓаните и не дозволи профит на грбот на народот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-skopje-1-vlada

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на голема, глобална економска криза ги заштити граѓаните и не дозволи никој да профитира на грбот на народот, вели СДСМ.

— реклама —

„Цената за векна бел и полубел леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.

Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.

— реклама —

Сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска.

— реклама —

Истовремено е укината субвенционираната електрична енергија за пекарниците, која ја добија лани во ноември, со која требаше да ги намалат цените на своите производи за 10-15 отсто.

Засилените контроли во сите градови низ државата продолжуваат и понатаму. Државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профитирање на поединци на штета на граѓаните.

— реклама —

СДСМ застана во одбрана на стандардот на граѓаните и нема да дозволи никој да го осиромашува народот заради лично богатење“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања