Промени тема
Контакт

Ковачевски ги зголеми цените на горивата и храната за да го полнат буџетот, кој го крадат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Премногу е, Ковачевски ги зголеми цените на горивата и храната за да го полнат буџетот, кој го крадат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За два дена цените на горивата и храната пораснаа за 15 денари. Тоа е така зошто Ковачевски го испразни буџетот на крадење и тендери, а свеж прилив на пари во буџетот нема.

— реклама —

Поскапувањето на горивата се должи на зголемената акциза која ја донесоа до ова ниво СДСМ од 2017 година до денес. Во Македонија се плаќа гориво како во Германија, само што таму платите се 10 пати поголеми.

За еден ден заради Ковачевски лебот, брашното и шеќерот станаа 60 денари.

— реклама —

Цените на храната делумно се покачени и затоа што СДСМ во изминативе години го уништи и земјоделието. Па така и до 60.000 тони од годишната потрошувачка на пченица се увезува, истото е и со сточната храна, со млекото, месото. Се е поскапо затоа што нема домашно производство.

— реклама —

СДСМ нема план како да излезе од кризата во која ја внесе државата. Секој ден народот е се посиромашен. Премногу е! Протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања