Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ковачевски: Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Главното прашање на овие избори е кој има визија за иднината, а кој продава магла и само крева раменици? Кој ќе обезбеди напредок кон членството во ЕУ, а кој ќе го закочи тој процес и ќе не врати 10 чекори назад во минатото? Ние имаме конкретен план како да ја внесеме државата во ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Кисела Вода на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

— реклама —

-Не само визија, ние имаме конкретен план, имаме волја и знаење, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно со Коалицијата за европска иднина, како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година. Владата предводена од СДСМ ја внесе државата во НАТО, со новата Влада предводена од СДСМ, државата ќе го исполни деценискиот сон за членство во ЕУ. Граѓаните знаат дека со СДСМ нема откажување. Знаат дека нема враќање назад., рече Ковачевски.

Го докажавме тоа, работејќи во услови на најголема економска и енергетска криза. И никого не оставивме сaм. Донесовме сет од 9 пакети со антикризни мерки преку кој ги поддржавме граѓаните и фирмите со 2,6 милијарди евра. Денес, платите и пензиите се на историски највисоко ниво. Навробетноста ја сведовме на рекордно ниски 12,6 проценти, додаде тој.

— реклама —

Јас речиси секој ден сум меѓу граѓаните. На улица, во парк, на пазар. Свесен сум дека има незадоволство од инфлацијата, корупцијата, владеењето на правото. Знам дека се уште има луѓе кои тешко врзуваат крај со крај. И прифаќам дека имаме грешки, дека има состојби во нашата држава за кои можело и морало подобро, рече Ковачевски.

Но, знам што сакам да постигнам и ќе го направам тоа! Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме очекувањата на граѓаните. И ние тоа ќе го постигнеме. Но драги граѓани, единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски животен стандард, рече Ковачевски.

За да ја оствариме целта за членство ЕУ, потребен нѝ е Претседател кој ќе ја поддржи европската визија. Модерен, прогресивен, граѓански човек. Токму тоа е Стево Пендаровски. Човек без црни дамки и грешки во првиот мандат, човек кој докажа дека за него сите граѓани се еднакви.

Граѓаните знаат дека СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата. За точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Кисела Вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања