Промени тема
Контакт

Ковачевски го допре дното - Праќа партиски средношколец од приватни школи да го саботираат штрајкот на наставниците, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_1

Ковачевски го допре дното - Праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да го саботираат штрајкот на наставниците, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Имено младиот Павиќевиќ учи во приватно училиште каде една година се плаќа и неколку илјади евра. А наставниците на истото не се под штрајк.

Лука Павиќевиќ, таканаречен лидер на средношколците, скроен по мерките на Ковачевски е кадар на СДСМ близок до Бојан Маричиќ и Стево Пендаровски.

— реклама —

Малиот Павиќевиќ е близок и со Петар Колев, кој важи за близок на бугарските политики кои ја негираат Македонија.

— реклама —

Таканаречениот лидер на средношколците поддржувал и промена на име, а за сето тоа е награден со некаква квази функција - лидер на средношколците.

Овие кадри на СДСМ како Павиќевиќ, се претставуваат како независни и неутрални, а извршуваат насоки на владата.

— реклама —

Срамота е што СДСМ се впушти во злоупотреба на деца на средношколска возраст, индоктринирајќи ги политички“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања