Ковачевски го полни буџетот на грбот на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
benziska-guzva-goriva

За два дена заради Ковачевски цените на горивата се зголемија за 12 денари, го полни буџетот на грбот на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Само пред два дена литар дизел се чинеше 86 денари, а од денес истиот е 97.5 денари, литар бензин пред два дена се продаваше по цена од 97 денари, а сега се продава за 109 денари. Тоа е зголемување за 12 денари за два дена.

— реклама —

Ова зголемување само 10% е заради растот на цената на нафтата на светските берзи, додека 90% заради високата акциза на владата, која ја зголемуваа неколку пати од 2017 до денес.

— реклама —

Сега нашите граѓани точат гориво како во Германија, но со македонски плати. По најавените намалувања на даноците за горивата, цените во Германија ќе бидат и пониски од тие во Македонија.

Многу пати во минатото кога цената на нафтата на светските берзи се движела околу 140 долари за барел, цената на литар гориво во Македонија биле околу 75 денари, но тогаш не беше СДСМ на власт, а зголемувањето на акцизата за горивата не беше начин да се полни буџетот.

Сега СДСМ ја клекнаа економијата на колена. Буџетот нема од што да се полни и се удира по народот.

СДСМ не знае како да се справи со кризата. Потребни се предвремени парламентарни избори што поскоро. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извлече државата од криза“, се вели во сооопштението.

/slika1-02062022" rel="attachment wp-att-184054">

/slika2-02062022" rel="attachment wp-att-184055">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања