Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски го предводи концептот за европска иднина, Мицкоски за враќање во изолација, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-mickoski

СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски е предводник на конпцептот за Европска Македонија, наспроти кој стои концептот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело во Христијан Мицкоски, кој ја води државата во изолација и враќање назад во минатото, вели СДСМ

— реклама —

„Европскиот концепт, чиј предводник е СДСМ, значи заштита на македонската посебност и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани.

Тоа значи заштитен идентитет и македонски јазик, што се потврдува со претстојното потпишување на договорот со Форнтекст кој ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти, ѕвездички и објаснувања.

— реклама —

Одговорните и тешки одлуки на институциите предводени од СДСМ обезбедуваат европска иднина.

— реклама —

Спротивен концепт заговара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Концептот на Христијан Мицкоски ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ.

Со одговорните и државнички политики на СДСМ и Ковачевски, државата до 2030 година може да стане полноправна членка на ЕУ.

— реклама —

Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, да имаат подобар европски животен стандард“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања