Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски: Граѓаните заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, но дома, во родната земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03042023_PVRSM_Kovachevski_intervju-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервјуто за РТВ Словенија порача дека зачленување во ЕУ не е процес на еден човек, на една Влада, на една политичка партија, туку е процес на целото општество и на сите политички фактори во државата.

— реклама —

„Тоа е стратешки процес од којшто зависи иднината на сегашната и на идните генерации македонци. Нашите граѓани сакаат, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа да живеат дома, не да живеат во земја членка на ЕУ надвор од својата држава. Затоа сметам, дека ова е одлука којашто треба да ја донесат сите политички партии во државата кои се за европскиот пат и за европска интеграција на државата“, повика премиерот Ковачевски.

— реклама —
— реклама —

Во врска со можноста за договор со опозицијата, премиерот Ковачевски рече дека ќе биде отворен процес на подготовка на уставните амандмани, коишто ќе бидат дел од работата на работна група формирана во Министерството за правда, каде што најголемите експерти во државата од уставно право и претставници на политички партии ќе ги подготват амандманите.

— реклама —

„Ќе има широка расправа меѓу деловната, академската заедница, невладиниот сектор, медиумите, сите граѓани да можат да бидат информирани и потоа низ парламентарна расправа, јас сум убеден дека Северна Македонија ќе има и демократски и визионерски капацитет да ја донесе оваа одлука со којашто ќе продолжиме кон европските интеграции“, оцени премиерот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања