Ковачевски и Арсовска го блокираа Скопје поради бугарски автобуси кои треба да ги заменат приватните превозници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-12-04-at-16.32.29

Скопје е блокирано заради матните тендери на Арсовска, плод на коалицијата со Ковачевски. Таков тендер е набавката на гориво за потребите на ЈСП од 27 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Арсовска за разлика од сите нејзини претходници не добива попуст од 6 денари по литар. Овој попуст го имало и кај Костовски и кај Трајановски и кај Шилегов, но го нема кај Арсовска. Доколку имаше попуст ЈСП ќе платеше 1.4 милиони евра помалку. Тоа се повеќе од доволно средства за да се покрие долгот кон приватните превозници.

— реклама —

Зошто нема попуст знае само Арсовска.

— реклама —

Градоначалничката не треба да бега, туку да одговори:

Дали тендерот за набавка на гориво за ЈСП е дел од договорот за тајната коалиција со Ковачевски?

Дали на средбата Арсовска - Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?

Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од Костовски, преку Трајановски до Шилегов.

И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?

Доколку имаше попуст на договорот за набавка на гориво за ЈСП ќе имаше и пари за приватните превозници. Дали на Арсовска и одговара кризата? И дали Скопје е жртва за бизнис интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања