Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ковачевски и Арсовска се договараат за тендери, но не можат да одвојат средства за намалување на загадувањето на воздухот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
zagaduvanje-2

И денес народот дише загаден воздух, СДС од 20 милијарди евра потрошени пари не инвестираше ниту евро за почист воздух, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е централна власт 7 години, и за целиот тој период нема направено ниту една инвестиција, со која би се намалило загадувањето на воздухот.

— реклама —

Неодговорноста се пресликува и во нивната коалиција со Данела Арсовска во град Скопје, каде имаат свој директор на чело на ЈСП, а во сред зиме нема доволно автобуси, претпријатието им должи на приватните превозници и нема решение за ништо.

— реклама —

Ковачевски и Арсовска се договараат за тендери, но не можат да се договорат да одвојат средства за намалување на загадувањето на воздухот.

— реклама —

Ковачевски наместо да ги мести советниците од неговата партија да држат пресови нека им каже дека соработува со Арсовска и дека имаат директор нивен кадар во ЈСП, кој набави нафта без да обезбеди вообичаен рабат.

Се што е поврзано со загадувањето на воздухот води до СДС. Затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања