Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ковачевски и Арсовска се во коалиција, за матни зделки и тендери, поддржани од Левица, ДУИ и ГРОМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Ковачевски и Арсовска се во коалиција, за матни зделки и тендери, поддржани од Левица, ДУИ и ГРОМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ковачевски и Арсовска имале тајни средби, тоа и го признаа. Коалицијата се гледа и по поставените кадри за директори на претпријатијата под градот Скопје.

— реклама —

Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.

— реклама —

Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.

Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС.

Токму Александар Стојковски е лепак за коалицијата Ковачевски - Арсовска, тој го потпиша договорот за набавка на гориво за ЈСП од 27 милиони евра, без вообичаениот рабат.

Со потпис на Стојковски на договорот за набавка на гориво, буџетот на ЈСП е оштетен за скоро 1.5 милиони евра, тоа се пари доволни да се покрие долгот на ЈСП кон приватните превозници.

Ковачевски и Арсовска ако сакаат да го решат проблемот со превозниците, доволно е само да го раскинат договорот за набавка на гориво и да распишат нов оглас со цел да обезбедат рабат. Со така обезбедениот рабат ќе имаат доволно средства за покривање на долгот кон приватните превозници.

Очигледно е дека Ковачевски и Арсовска не сакаат да ги решаваат проблемите, туку ги создаваат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања