Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски и Донев ќе присуствуваат на отпочнувањето со градба на источен дел од Коридор 8

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
voz

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Галaб Донев, во придружба на министри од двете влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската банка за обнова и развој, денеска ќе присуствуваат на oтпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово - Бељаковце - Крива Паланка.

— реклама —
— реклама —

Настанот ќе се одржи на делницата каде што поминува железницата, близу Куманово. На настанот ќе се презентира проектот за источниот дел од делницата. Свои обраќања ќе имаат премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Бугарија Галаб Донев, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Железници „Инфраструктура“, Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир и Анди Аранитаси од Европската банка за обнова и развој.

— реклама —
— реклама —

Со изградбата на оваа железница Република Северна Македонија станува крстосница на Балканот и регионално се поврзува со европските железнички коридори. Овој капитален проект е од исклучително значење особено за поврзување со нашите први соседи Бугарија и Албанија, што е од регионален интерес за граѓаните и за економскиот раст и развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања