Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски и Груби доделија тендер тежок 22 милиони евра на сомнителна фирма- сега се бранат со молчење, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03112022_PVRSM_IRL

После скандалот со изборот на компанија ЕПТИСА тежок 22 милиони евра сите владини функционери бегаат од одговори. Бегаат затоа што се фатени во тешка корупција. Одеднаш мачка им го изеде јазикот. Ковачевски се прави како да не е од тука, Груби се крие, а министерството за финансии молчи, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Владата на Ковачевски и Груби доделува тендер за надзор на изградба на коридорите 8 и 10 на компанија за која истата влада во 2020 година донела Одлука со која се препорачува до институциите да не ја ангажираат затоа што работи несоодветно и незаконски.

— реклама —

Владата на Ковачевски и Груби во текот на јавниот повик за овој тендер тежок 22 милиони евра ги менува роковите и условите и го доделува тендерот на ЕПТИСА иако истата во 3 години прикажува милионски загуби.

Владата на Ковачевски и Груби овој вносен бизнис му го доделува на ЕПТИСА која настапува заедно со компанија од Македонија која е тесно поврзана со компанијата која што го доби претходно надзорот, а која беше посочувана дека има врска со руски капитал. Впрочем самиот Груби го правдаше поништувањето на истиот тендер токму со овие аргументи.

— реклама —

Дали Ковачевски и Груби овие вратоломии ги прават од лукративни и лични интереси?

— реклама —

Јавното обвинителство треба да се одважи и да отвори постапка. Овде се работи за сериозен сомнеж за криминал и корупција“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања