Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски и Груби на Електра Солушн на скандалозен начин и обезбедиле тендер за надзор на изградбата на коридорите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
29102022_Izgradba_zeleznica_Koridor-8_12

Ако е сомнителен бонитетот на компанијата ЕПТИСА за надзор на изградбата на коридорите, тогаш втората партнерска компанија од конзорциумот е уште повеќе сомнителна, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дел од скандалозниот тендер од 22 милиони евра за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 е и компанијата Електра Солушнс на Андон Ампов. Оваа компанија лиценцата за вршење на должноста ја добила на 03.10.2022 година, само 3 недели по распишувањето на јавниот повик за избор на надзор. Тоа само покажува дека оваа компанија нема никакво искуство, а добива толку голем тендер. Ковачевски и Груби кумувале на овој скандалозен тендер за Електра Солушн.

— реклама —

Имајќи во предвид дека рокот на тендерот е продолжуван логично се поставува прашањето дали тоа е направено со цел да се формира конзорциумот во кој влегуваат двете сомнителни компании, ЕПТИСА И Електра Солушн.

— реклама —

Патем Елекстра Солушн на Андон Ампов го “наследува“ вносниот бизнис од Институтот за патишта од Велес на неговиот татко Сотир Ампов, кој прв го доби надзорот, па беше поништен заради наводна поврзаност со руски капитал. Останува енигмата зошто толку запнала владата да го ангажира семејството Ампови во проектот за коридорите вреден 1 милијарда евра.

— реклама —

Овде не мириса, туку смрди на матна зделка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања