Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски и неговата влада целосно се изгубија, политиката на свиткана кичма носи само нови понижувања, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-6453

Понижувањата и навредите кои ги трпат Македонија и Македонците се резултат на погрешната политика на СДС. Изворот на ова е затруеното дрво договор со Бугарија кои тие го донесоа, со кое отворија врата и дадоа легитимитет на негаторските изјави и постапки упатени кон македонскиот идентитет, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Резултатот на сето тоа денес се тензиите кои се појавуваат, историски најлошите односи меѓу двете земји и скандалозните прослави на историски датуми со кордони, многу полиција и чествување далеку од очите на народот. Наместо за иднина власта на СДС се согласи да се зборува за историја. Нема никаков инфраструктурен и економски бенефит за Македонија од ова.

— реклама —
— реклама —

Напротив , добиваме уцени и нови и нови барања, чија крајна цел веќе и не се крие, а тоа е однародување, што нема никаква врска со европските стандарди и вредности. Ковачевски и неговата влада се целосно изгубени и со свиткана кичма. Веќе не знаат како да се оправдаат за живата песок во која тонат и за жал ја влечат и Македонија.

— реклама —

Неопходни се избори час поскоро, на кои граѓаните јасно и гласно ќе кажат што мислат за нивните погубни политики“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања