Промени тема
Контакт

Ковачевски и Османи 6 месеци го преговарале последниот предлог со кој се бугаризира Македонија, вели Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dragan-Kovacki-23.06.2022

Димитар Ковачевски и Бујар Османи 6 месеци тајно преговарале за последниот предлог кој стигна во Бугарија и во Македонија. Со месеци е усогласуван предлогот за бугаризација на Македонија и за тоа амин има од Ковачевски и Османи, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Владата прифатила во преговарачкиот процес државата да добие рамка со бугарски условувања, кои практично значат бугаризација на државата и асимилација на народот, доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Предлогот задира во македонското уредување и удира во темелите на државноста.

— реклама —

Доколку Ковачевски е толку сигурен во предлогот што го преговарал и договорил, тогаш единствено исправно е тој да распише избори. На тие избори тој и СДСМ ќе го бранат предлогот за бугаризација и ќе сакаат негова имплементација, а ние ќе бидеме против. Па народот нека одлучи.

— реклама —

Изборите кои вака би биле распишани би биле референдумски избори, на кои граѓаните ќе имаат јасен избор, или се за предлогот за бугаризација на државата или против. Или со СДСМ државата ќе тоне, или со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја застанеме државата на нозе.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека овој предлог е лош за Македонија, и не е заснован на никакви европски вредности.

— реклама —

Ковачевски има уште простор да се предомисли и изречно да го отфрли последниот предлог, без воопшто да преговара дополнително.

— реклама —

Овој предлог е неправеден кон Македонија, која 22 години е во чекалната на Унијата, од потпишувањето на Актот за стабилизација и асоцијација, до денеска.

На Македонија и треба европска перспектива, која ќе биде заснована на заемна почит, а не на омаловажување“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања