Промени тема
Контакт

Ковачевски и Османи да не го кријат протоколот, тој значи бугаризација на државата, народот е против тоа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_4

Ковачевски и Османи да не го кријат протоколот, тој значи бугаризација на државата, народот е против тоа, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Владата прво кажа дека ќе го објави, а сега веќе втора недела не го објавува протоколот.

Предлогот кој власта сака да го помине низ Собрание е на штета на македонските национални интереси.

— реклама —

Секој ден десетици илјади луѓе кажуваат не за бугаризација и асимилација. Академската заедница, новинарите, колумнистите, сите се гласни и јасни дека предлогот кој владата сака да го турка во Собрание ги негира македонскиот јазик и идентитет.

— реклама —

Со предлогот и се дава право на Бугарија и да ги пишува учебниците по историја во Македонија и да ја блокира земјата на патот кон ЕУ, ако нешто не и се допаѓа.

Владата не води грижа за македонските интереси, тие само сакаат да добијат сликање во Брисел, и да ја остават Македонија потоа со еден тон проблеми.

— реклама —

Власта не смее да го игнорира народот. Предлогот мора да го отфрли, и да не се користат пратениците од мнозинството да гласаат нешто што е на штета на Македонија“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања