Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски и Пендаровски да не ги штитат и да ги кажат странските агентури, кои стојат зад тензиите со Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-pendarovski

Ковачевски и Пендаровски се уште молчат пред македонската јавност, за тоа дека странски агентури работат и стојат зад тензиите помеѓу Македонија и Бугарија. Тие треба да престанат да ги штитат и јавно да ги кажат, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Самото молчење од нивна страна повлекува повеќе прашања и нејаснотии. Ако ова е вистина, зошто транспарентно не излезат да соопштат кои се тие лица и агентури, кои отворено работат против државата или можеби некој од власта ги штити?

— реклама —

Исто така во случај да се работи за несреќна изјава на Пендаровски, односно тоа што го кажа ако не е вистина, која е причината? Причината е да се скрие и да се замајува јавноста од неспособноста на Пендаровски и владата, да ги штитат националните интереси на Република Македонија.

— реклама —

Дали Ковачевски и Пендаровски работат за интересите на странските служби кои ги подбуцнуваат инцидентите.

— реклама —

Оваа власт е неспособна на секое можно поле и е достигнато секое можно дно, кое може да се постигне во политиката“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања