Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски и Пендаровски да не кријат кои странски агентури стојат зад тензиите со Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pendarovski-kovacevski-tace-skopje-1-

Ковачевски и Пендаровски да не кријат кои странски агентури стојат зад тензиите со Бугарија и антимакедонската пропаганда, ако не ги обелоденат, значи дека ги поддржуваат, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Пендаровски излезе и по Совет за безбедност, кажа дека странски мрежи стојат зад говорот на омраза кон Македонија и негациите на државата, и кои креираат тензии меѓу држaвите, ако тој не излезе и не каже детали, се доведува во прашање неговата сериозност, но и се девалвира целиот систем.

Доколку власта не каже јасно кој стои зад тензиите, тогаш таа е активен чинител во истите. Доколку Ковачевски и Пендаровски не реагираат на негациите на нацијата и историјата, тогаш значи дека ги мотивираат таквите дејствија.

— реклама —

Истовремено власта преку финансиските институции, треба да го испита потеклото на парите со кои се финансираат бугарските здруженија во Македонија, од каде често се слуша говор на омраза и негација на Македонија.

— реклама —

Колку повеќе Ковачевски и Пендаровски молчат и не реагираат адекватно, толку повеќе се потврдува дека тие се мотиватор на антимакедонската кампања.

Никогаш претходно немало такви негации на Македонија од страна на Бугарија како сега, а Македонија сега ја води партијата која тврдеше дека ги затворила сите отворени прашања.

— реклама —

Со сите изјави и ставови до сега власта покажа дека нема дно кое не може да го пробие. Иднината со оваа власт е неизвесна и понижувачка. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања