Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски и СДС во паника прво удрија по медиумите, а сега вршат притисок на сопартијците кои им се противат на политиките, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sdsm-kovacevski-654

СДС и Ковачевски се во паника. Го губат тлото под нозете и затоа стануваат нервозни. Пред неколку дена ги нападнаа медиумите, квалификуваа новинари и телевизии, а сега веќе почнале и со притисоци врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Очајот во СДС го извади на виделина автократското лице на Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Очигледно дека СДС и Ковачевски сфатија дека ја изгубиле поддршката на мнозинството граѓани, но сега гледаат дека немаат поддршка ниту од членството ниту од одредени пратеници на мнозинството. Се тоа е резултат на погубните политики кои ги водат, криминалот, корупцијата и подредената позиција во власта. Затоа заедно со ДУИ посегаат по недемократски методи да ги дисциплинираат оние нивни членови кои не мислат како нив. Посегаат по притисоци кои ги прават групи од подземјето и кои стануваат се поголеми и поголеми.

— реклама —
— реклама —

Но веќе се помалку има што и се плашат на оваа власт на Ковачевски. Не може Ковачевски со својата автократија да ги држи сите во заложништво заради кариера и фотелја. Доаѓа времето на промена на власта и одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања