Промени тема
Контакт

Ковачевски и СДСМ најавуваа економска година, а со новото задолжување ќе обезбедуваат гола буџетска ликвидност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Новото задолжување од 900 милиони евра кое што го најавува владата на СДСМ и ДУИ е уште еден доказ дека Македонија е во економски колапс. Тоа што Заев, администраторот Ковачевски и министрите во влада го најавуваа како невидена економска година, се претвора во гола борба за ликвиден буџет која што ќе се покрива со задолжување од речиси милијарда евра. Очигледно ниту една економија која е во добра кондиција и со такви амбиции не пропаѓа за неколку месеци како кула од карти и не се спасува со милијарда задолжување, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Впрочем сите години власт на СДСМ и ДУИ кои што поминаа беа најавувани како економски години, со квантен скок, со гиганти кои чекаат на граница, а всушност ни се случуваше фијаско од година во година со галопирачки раст на долгот. Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години се задолжи речиси колку сите влади заедно од самостојноста.

— реклама —

Наследија долг од 4,7 милијарди евра или 47% од БДП, а сега со последните најави за задолжување тој долг ќе достигне околу 8 милијарди евра или околу 65% од БДП. Ова значи дека само во владеењето на СДСМ секое просечно семејство е задолжено во просек со над 7.200 евра.

— реклама —

Патем и од овие пари кои сега се најавуваат како долг, како и од досегашните народот не виде ништо. Нема автопати, болници, училишта, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофа, нема додаден придонес во економијата, растот на БДП ни е најнизок во регионот, нивото на странски инвестиции ни е најниско во регионот, бројот на вработени во индустријата три години по ред се намалува, инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, со еден збор тотален економски колапс.

— реклама —

Тоа мора да престане. Причината за економските неуспеси е власта на СДСМ и ДУИ и таа мора да биде променета“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања