Промени тема
Контакт

Ковачевски и СДСМ со тоа што го прифатија предлогот одбраа да бидат против народот - Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа е ултиматум и диктат после кој на Македонија и преостанува или вечно да преговара или да настане комплетна асимилација, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

“Предлогот во себе предвидува Протоколи, или како што сака Владата да ги каже Годишни извештаи, преку кои ќе се оценува спроведувањето на членот 12 од Договорот со Бугарија од 2017-та година во кои се предвидува промени на учебници за ликови и настани од македонската историја, промени на табли на споменици, музеи и јавни места кои им пречат на Бугарија, санкционирање на секаква критика или поинакво мислење под превезот на говор на омраза и слични други понижувања.

— реклама —

Овој Протокол, но и целиот предлог е пораз на македонската дипломатија, бидејќи предвидува асимилација и национално обезличување на Македонија.

Затоа гневот во јавноста и кај народот е огромен. Затоа гласно НЕ за овој ултиматум кажуваат и експертите и интелектуалците, па дури и дел од функционерите на СДСМ

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува граѓаните кои достоинствено и гласно се противат на оваа капитулација на владата на Ковачевски. СДСМ и Ковачевски се тие што одбраа да бидат против сопствениот народ, само за да зачуваат фотелји на сметка на македонскиот идентитет. Пораката на народот е „Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ““, стои во соопштението.

— реклама —

Со почит,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања