Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски има удел во една од најголемите компании во државата, неговата сопруга влегува во милионски бизнис, а за народот поевтини макарони, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-1

Димитар Ковачевски наместо премиер се промовира како олигарх. Наместо да работи за народот, Ковачевски работи за себе. Тој сам кажа дека има удел во една од најголемите компании во државата. Ковачевски вчера на изјава од настан рече: Јас имам свој удел во друга компанија, која што е една од најголемите компании во државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ковачевски е и премиер и еден од сопствениците на една од најголемите компании во државата. Во исто време неговата сопруга влегува во милионски бизнис за изградба на фотоволтаична централа за чија потреба добива државно земјиште со амин на Груби.

— реклама —

Семејството Ковачевски прераснува во олигархија.

Додека народот чека Ковачевски да работи во корист на државата, додека чека проекти и дела, Ковачевски сам се фали дека е сопственик на една од најголемите компании во државата.

— реклама —

За народот поевтини макарони, а за Ковачевски и неговата сопруга милионски бизниси, тоа е логиката на СДС и ДУИ.

— реклама —

Ковачевски да не бега од одговори и да каже која е компанијата во која има удел, а е една од најголемите компании во државата? Колкав е неговиот удел во таа компанија и какво е неговото влијание, како во нејзе, така и на пазарот во корист на таа компанија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања