Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ковачевски: Имаме план за економијата, инвестиции од 3,5 милијарди евра и нови 180 милиони евра за компаниите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на денешниот настан под мото „Нема откажување од иднината“ се осврна на економијата и бизнис секторот при што кажа дека: „Во изминатите седум години се случија многу работи. Имаше подеми, падови, големи проблеми, предизвици. Се соочивме со КОВИД пандемијата, а потоа и со економската и енергетската криза предизвикани од војната во Украина.“

— реклама —

„Дадовме се од себе за да им помогнеме на граѓаните и на компаниите да ја пребродат кризата без посериозни последици. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди долари за да го заштитиме стандардот на граѓаните. Благодарение на тоа беа спасени 80.000 работни места во околу 20.000 компании. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок со сметките за струја.“ – истакна Ковачевски во своето обраќање.

Ковачевски подвлече и дека: „Обезбедивме рекордна поддршка за домашните компании од 100 милиони евра за 919 македонски, домашни компании. Поддршка која во минатото воопшто не постоеше.“

— реклама —

Тој нагласи дека: „Компаниите ќе добијат нови 180 милиони евра директна финансиска поддршка, а јавните капитални инвестиции ќе се на ниво од 3,5 милијарди евра.“ - и додаде: „Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата. Ќе инвестираме 2,7 милијарди евра, а ќе се изградат 194 километри нови автопати и реконструкција на вкупно 950 километри патишта во сите делови и општини на државата.“

„Енергетската трансформација започна во мојот мандат, и во тие кратки две години обезбедивме над 600 мегавати инсталиран капацитет енергија од обновливи извори, наспроти 16те мегавати до 2016тата.“ – додаде Ковачевски.

“Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните, а го зголемуваме и домашното производство на енергија за 70%, за да можеме целосно да ги покриеме домашните потреби. 100 процентно ќе го зголемиме инсталираниот капацитет на енергија од обновливи извори.“ – рече претседателот на СДСМ, Ковачевски на денот на почетокот на кампањата за претстојните парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања