„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Ковачевски именува за директор на АНБ човек со “чаршав-список“ од скандали, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
anb-480x288-1

Лицемерието на СДС и Ковачевски се виде на дело со поставувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ. Декларативно говорат за прозападни и квалитетни кадри, а за директор поставија човек кој лично го издал документот со кој му се овозможи државјанство на прорускиот политичар Онишченко, лице од црната листа на САД. Но ова не е се. Зарко Милошевски е лик со голем број петна и црни дамки во неговата кариера, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Милошевски бил помошник директор во АНБ во времето кога 215 криминалци, мафијаши, убијци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Исто така бил началник на единицата за екстремизам во УБК во 2015 година и од таа позиција бил одговорен за проценките пред почетокот на полициската акција во Диво Насеље. Според безбедносни експерти токму лошата проценка била причината за жртвите во редовите на безбедносните сили.

— реклама —

Дополнително, тој бил началник во УБК во периодот и на прислушкувањето и на настаните од 27 април и затоа треба му се испита вмешаноста и одговорноста за настаните.

— реклама —

Очигледно за Ковачевски и Зечевиќ ваквиот “чаршав список“ од скандали за Зарко не се проблем. Ковачевски веројатно бил притиснат од Зечевиќ да го именува пуленот во АНБ, но тоа не го амнестира, туку напротив Ковачевски на себе ја презема целата одговорност за оваа катастрофална кадровска одлука“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања