Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ковачевски: Историјата покажала дека само со СДСМ земјата се движи напред и има просперитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kovacevski-filipce

На вечерашниот митинг одржан во Македонски Брод, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски обраќајки се на присутните им порача дека Македонија многу пати досега се наоѓала на крстопат од кои зависела иднината, но заедничко за тоа е дека никогаш не сме се откажале.

— реклама —

Денес, повторно сме на еден таков крстопат. Треба да одлучиме дали ќе градиме европска иднина, европски стандард и европски вредности за нас и нашите деца или ќе се вратиме во минатото кога државата беше ограбена и изолирана. Втора шанса за ваква одлука нема да има. Затоа, ве повикувам на 8 мај, да изберете напредна и просперитетна Македонија во ЕУ, да гласате за СДСМ и Коалицијата за европска иднина и за нашиот Претседател, Стево Пендаровски“, рече Ковачевски.

На 121-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер, Гоце Делчев, во говорот Ковачевски ги потсети граѓаните дека исто како што револуционерите не се откажале од идејата за слободна Македонија, така и тие нема да се откажат од тоа да ја внесат земјата во Европската Унија.

— реклама —

„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, посочи претседателот Ковачевски.

СДСМ е силна партија, партија на граѓаните, вели Ковачевски и додава дека таа е изградена врз принципите на еднаквост, солидарност и инклузивност. Партија која е рамо до рамо со граѓаните и не бега од одговорност и носење тешки одлуки.

„Изминатите седум години ја водевме државата во време на здравствена, економска и енергетска криза. Не потклекнавме пред предизвиците кои се закануваа целосно да го загрозат квалитетот на живот на граѓаните. Покажавме посветеност и одговорност, ги зголемивме платите и пензиите, ги заштитивме работните места, обезбедивме 2,6 милијарди евра за антикризни мерки за најранливите категории на граѓани и за компаниите. Во ниту еден момент не се откажавме од нашата примарна цел - Македонија да стане дел од евроатлантските структури. Затоа, денес сме горда членка на најмоќната светска алијанса – НАТО“, заклучува Ковачевски, додавајќи дека иако започнати, историските преговори за членство во Европската Унија се блокирани од неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер, Христијан Мицковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања