Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски ја носи земјата кон ЕУ, Мицкоски блокира, има разлика, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-432141234

СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски со државнички и одговорни политики ја носи земјата кон полноправно членство во Европската унија, вели СДСМ

— реклама —

„Со СДСМ иднината на државата е европска, преговoри со ЕУ на големата маса за полноправно членство во унијата како Македонци со заштитен македонски јазик и македонски идентитет.

— реклама —

На европскиот пат мора да се донесат одлуки кои што ќе ги однесат сегашните и идните генерации кон членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобри работни места и повисок животен стандард дома.

Дијаметрално спротивно е деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски. Денес како опозиција и претходно 11 години како власт само декларативно се залага за членство во ЕУ, а од друга страна прави се за блокирање и опструирање на евроинтеграциите.

— реклама —

Мицкоски им го нуди на граѓаните тоа што го претрпеа 11 години, поделби по сите основи, држава скарана со сите соседи, во меѓународна изолација и далеку од преговори за членство во ЕУ.

— реклама —

Разликата е јасна и очигледна. Со СДСМ како државотворна партија, Република Северна Македонија стана полноправен член на НАТО, ги започна преговорите за членство во ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за остварување на стратешките интереси на државата и континуирано кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања