Промени тема
Контакт

Ковачевски ја прими Брнз, зборуваа за НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
13032022_PVRSM_sredba_Brnz-3

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.

Премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз разговараа за ситуацијата во Украина при што истакнаа дека воената агресија на Руската Федерација на една суверена земја е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оцени огромен дел од меѓународната заедница.

— реклама —

На средбата беше истакнато дека во ова време на кризна состојба во светот вредноста и придобивките од членството на Република Северна Македонија во НАТО, и од стратешкото партнерство со САД се од исклучително значење.

— реклама —

Премиерот Ковачевски во разговорот со амбасадорката Брнз ги презентираше мерките на Владата за справување со последиците од економската и енергетската криза, кои дополнително се усложнуваат со војната во Украина, и истакна дека станува збор за сеопфатни мерки таргетирани да ја заштитат социјалната сигурност и стандардот на граѓаните, како и да обезбедат стабилни услови за работа на компаниите.

— реклама —

Амбасадорката Брнз нагласи дека сегашната безбедносна криза во Европа укажува на потребата од континуиран фокус на регионот и на Северна Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања