Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски: Ќе видите кој е Дарт Вејдер ако се вратите 15 години назад во нашиот правосуден систем со монтирани процеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


На прашањето кој е Дарт Вејдер во македонското правосудство, премиерот не одговори директно, туку остави, како што рече, на имагинацијата, креативноста и истражувачкиот потенцијал на новинарите.

— реклама —


„Да се навратат петнаесетина години во нашиот правосуден систем, да видат како се менувани одредени закони, да видат како се монтирани одредени процеси и тогаш ќе може да видат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство. Потекнува од комунистичкото време“, рече премиерот Ковачевски.

— реклама —


— реклама —

Тој претходно рече дека измените во Кривичниот законик се направени во согласност со законодавства што важат во ЕУ.


„Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, односно направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат“, објасни премиерот Ковачевски.

— реклама —

Иако измените на Кривичниот законик се изгласани и веќе стапија во сила, премиерот Ковачевски денес рече дека е добро за такви измени да има јавна дебата.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања