Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски краде преку албанска фирма, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Додека народот плаќа скапа струја, компаниите добиваат сметки дури до 4 пати поскапи од лани, владата на СДС продава струја од АД ЕЛЕМ двојно пониско од берзанската цена на трговци кои потоа ја препродаваат по берзанска цена, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во период од 30 август до 6 септември АД ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја во вкупна количина од 2000 MW/h. Истрата струја по цена од 337 евра од MW/h ја купува ЕТМТ Енерџи, сопственост на ЕНЕРТЕЈД Албанија за потоа да ја продаден на албанска државна енергетска компанија по цена од 525,55 евра за MW/h.

На ваков начин трговецот на струја ЕТМТ Енерџи, сопственост на ЕНЕРТЕЈД Албанија на Артур Мицкај, човек од партијата на Еди Рама, заработил дури 10.800.000 денари за само 6 дена.

— реклама —

Оваа струја наместо да ја даде на стопанството, ја продава на трговци кои потоа ја препродаваат за дебели маржи.

— реклама —

Ковачевски и антимакедонската СДС го уништија енергетскиот сектор.

Ковачевски и антимакедонската власт ги осиромашува граѓаните, за да можат поединци да профитираат на грбот на македонските граѓани.

— реклама —

Доколку Ковачевски и власта сакаат државата и граѓаните да излезат од оваа криза во која ги вовлече антимакедонската СДС тогаш веднаш да распише предвремени парламентарни избори на кои наместо неспособноста и штетните политики, ќе победе работата и решавање на проблемите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања