Промени тема
Контакт

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3497

Под мотото „Нема откажување од иднината “СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори.

Своето обраќање претседталот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски го започна со зборовите:

„Македонија заслужува европска иднина!

Нашата генерација заслужува европска иднина!

Но, најмногу од сите, нашите деца заслужуваат европска иднина!

— реклама —

И тоа, не за 15 или 20 години туку сега, во наредните 5 до 6 години.“

Претседателот на СДСМ Ковачевски додаде: - Тие заслужуваат, тие мора да растат и да останат во нивната родна земја која ќе биде членка на ЕУ со европски систем и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со развиено здравство и сочиста животна средина. Тие сакаат да живеат во прогресивна и солидарна држава со еднакво квалитетни услови за живот за сите.

— реклама —

Ова е нашата визија! Ова е нашата програма и обврска за граѓаните!“

„Нашиот главен фокус останува членството кон Европската Унија. Нашиот поглед е насочен кон ЕУ, бидејќи тоа е единствениот пат за подобра иднина на нашите семејства. Нема друга алтернатива за да изградиме држава каква што посакуваме. Нема друг начин да стигнеме до европски стандард, европско здравство и образование, европски квалитет на живот.“ – порача Ковачевски и истакна: „Јас знам дека патот до ЕУ е сè уште тежок. Свесен сум дека пред нас има уште многу пречки. Но, во исто време немам дилема дека ЕУ е единствениот начин да се сменат работите на подобро. “

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на настанот од Музејот на современа уметност порача: „Благодарение на сè што направи Владата на СДСМ во изминатите години, денес сме поблиску до европското семејство од кога било претходно и би било огромна грешка ако се откажеме или го закочиме процесот.

— реклама —

Но, јас знам дека тоа нема да се случи. Знам дека мнозинството граѓани се свесни за европските вредности и што тие ќе значат за нас како држава и општество.

Затоа, нема откажување од завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и исполнување на сонот Македонија дел од ЕУ до 2030 година!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 2 години

— реклама —
Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Гласот за Коалицијата за европска иднина е глас за Македонија да биде дел од Европа

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања