Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски: Mисијата на Св. Климент Охридски е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 8 Декември, големиот празникот Свети Климент Охридски упати честитка до граѓаните.

— реклама —

„Денеска одаваме почит и го славиме Свети Климент Охридски, ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа.

— реклама —

Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура. Неговата мисија е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет.

Го осигуравме признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Денес, македонскиот јазик е меѓународно признат, покрај во Обединетите нации, рамноправно е застапен заедно со сите други европски јазици и во Европската Унија.

— реклама —

Како што успеал Свети Климент во неговата мисијата, сите ние имаме должност и обврска да успееме во надминувањето на секој предизвик, трпеливо, со храбри дела и со позитивни примери, со разбирање и помагање да ги заштитиме вредностите што нѐ обединуваат како граѓани, како народ и како држава.

— реклама —

Да ни е честит големиот празник, Свети Климент Охридски.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања