„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачевски молебенот во чест на мисијата на Светите Кирил и Методиј која ги поврза народите на Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
24052022_PVRSM_24-Maj_2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и владината делегација во состав Бујар Османи, министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Мартин Попов, шеф на Кабинет на Претседателот на Владата, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичката епархија на Католичката црква, денеска, во рамките на посетата на Република Италија и на Светата Столица (Ватикан) по повод 24 Мај – Денот за сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, како и амбасадорите на нашата земја во Ватикан и Италија Марија Ефремова и Весел Мемеди, учествуваа на молебенот и на церемонијата на полагање на венец на гробот на Св. Кирил во Базиликата Сан Клементе во Рим.

— реклама —

Со црковната служба, молебен во чест на Свети Кирил, началствуваше митрополитот европски Пимен, во сослужение со митрополит Јосиф, по што беше одржана беседа за црковното дело на Свети Кирил и за неговиот брат Свети Методиј.

Молебенот во црквата Сан Клементе во Рим, во која почиваат светите мошти на Свети Кирил, е традиционална активност во рамките на активностите на нашата земја со која секоја година се одбележува просветителското дело на Светите браќа Кирил и Методиј.

— реклама —

Со одбележувањето на денешниот празник и искрената почит кон големите браќа Свети Кирил и Методиј, нашата земја го одржува континуитет на просветителската светлина која исполни една цела епоха во историјата на христијанската цивилизација, а посебно во историјата на Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kim-vojnik

(Видео) Ким плаче и ги прегрнува војниците, прв пат ги признава загубите кај Курск: „Простете ми“

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2024-11-16-at-14.40.39

Ситуацијата излегува од контрола, Путин станува зависен од Ким: „Погледнете што превезуваат сега возовите од Северна Кореја“

Свет | пред 1 година

2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Што значи ова за Москва? Ким Џонг-ун издаде вонредна наредба: Сакам масовно производство!

Свет | пред 1 година

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Ким и честиташе на кралицата

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања