Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски може да победува само со имагинарен противник, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski

ВМРО-ДПМНЕ целосно ја делегитимира СДСМ и Димитар Ковачевски на изборите, вели опозицијата.

„Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово наспроти поразот на СДСМ покажува дека власта нема повеќе кредибилитет да продолжи да раководи со институциите.

— реклама —

Народот е незадоволен, разочаран и револтиран и се чувствуваат излажани и измамени од власта.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА над СДСМ и ДУИ само потврдува дека народот е против оваа криминалната коалиција.

— реклама —

Апсурдно е што СДСМ и Ковачевски поразот го прославуваат како победа, кога резултатот на изборите покажа дека народот е опозициски расположен.

Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник.

— реклама —

Ова покажува дека Ковачевски може да победува само со замислени противници. И затоа треба да си поднесе оставка.

ВМРО-ДПМНЕ има најголем број на градоначалници и советници во советите на општините.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ двојно ја победи СДСМ во Тетово и докажа дека е фаворит меѓу граѓаните, токму затоа СДСМ бега од предвремени парламентарни избори.

На Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро и луѓе кои ќе внесат нова надеж, енергија и сила кои што ќе создаваат нова иднина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања