Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски на маки кого да слуша, дали Заев од Струмица или Ахмети од Зајас, СДС се претвори во партија - вазал на ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
15.12.2021-3

Дезертерот Димитар Ковачевски на големи маки, кого попрво да слуша, дали Зоран Заев од Струмица или Али Ахмети од Зајас, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„И затоа пиунот Ковачевски, кога не знае што треба да направи или оди во Зајас кај Ахмети, или во Струмица кај Зоран Заев да се советува.

Бидејќи Ковачевски и СДС знаат дека се ближи нивниот крај, партијата СДС и дезертерот Ковачевски се претворија во вазали на ДУИ и Али Ахмети.

— реклама —

За некој тендер повеќе, за некој денар повеќе во џебот на функционерите од СДС се претворија во измеќари. Тоа е лицето на СДС денес, од партија која имаше некаква државотворна улога во минатото, во измеќарска партија за лични интереси и богатење.

— реклама —

Додека народот секој ден, се повеќе осиромашува, додека економијата тоне, а граѓаните ги очекува најтешката зима, СДС и Ковачевски мислат и се спремни се да прифатат за некој тендер повеќе, мислат само на лично богатење на грбот на граѓаните.

На наредните предвремени парламентарни избори СДС и Ковачевски ќе доживеат дебакл, а со тој дебакл се става по знак прашање постоењето на СДС како политичка партија, па затоа грчевито се борат за ден повеќе да опстојат на политичката сцена, а со тоа да слугуваат на ДУИ и Ахмети.

— реклама —

За да престанат сите омаловажувања и предавства на дезертерот Ковачевски и СДС, потребни се предвремени избори, за народот да каже дали сакаат да продолжат сите предавства на СДС и ДУИ, или сакаат просперитетна иднина и европска иднина со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања