Генералниот директор на АД ЕСМ и поранешен директор на РЕК Битола Васко Ковачевски на прес-конференција изјави дека ги отфрла обвинувањата од министерот Чулев упатени до него и најави дека ќе поднесе кривична пријава против него.
-Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоупотреба на полицијата за партиско-политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Ги отфрлам неговите обвинувања искажани денес во Битола и тие не се точни. Помина времето на МВР-ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа за нив неподобните. Кога министерот Наќе Чулев сака да бара криминал тогаш му препорачувам да се занимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени, и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати. За ваквите неосновани обвинувања и денешната изјава ќе поднесам кривична пријава против него, изјави Ковачевски.
фото: МИА