„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачевски најави хаос на протестите вечерва, Левица излезе со предупредување за вклучување на провокатори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
34123412341234123

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на протестот коj и денеска е од 19 часот пред Владата. Тој кажа дека овие информации ги добил од МВР. Не кажа дали протестите влијаат на одлуката која треба да ја донесе Владата, дали ќе го прифати францускиот предлог или истиот ќе биде одбиен.

— реклама —

„Ние сме демократско општество, каде секогаш и во секоја прилика, секој граѓанин може да го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека ќе биде во рамки на законите. Вчера имавме четири повредени полицајци. Денес се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО“, кажа Ковачевски.

Од Левица пак посочија дека власта планира да вклучи провокатори во протестите.

— реклама —

„Откако вчера квислиншката власт се соочи со искрениот револт на народот, сега се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите - во нивниот препознатлив манипулативен и спинувачки стил. Благодарение на совесни вработени во службите, до нас пристигна информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Се со цел да предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир за да ги оправдаат нивните полициско-репресивни активности и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства. Ваквите методи на делување не се воопшто за изненадувањ кога станува збор за тоталитарен и хибриден режим. Нашите членови во ниту еден момент не ја загрозија безбедноста на полициските службеници вчера, ниту пак фрлаа со тврди предмети - а така ќе биде и на денешниот протест. Потенцираме дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања