Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Ковачевски не заборава да краде, 9 милиони евра тендер за битумен, добитник единствено пријавената фирма“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Додека Ковачевски ја продава државата, не заборава да краде, 9 милиони евра тендер за битумен, добитник единствено пријавената фирма, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Имено Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучило рамковна спогодба за набавка на битумен во вредност од 554,6 милиони денари или над 9 милиони евра, и според информациите кои ги објавија медиумите тие веќе почнале да црпат од рамката, при што се потрошени над 2 милиони евра.

Фирмата која го добива тендерот, е и единствено пријавена. Иако интерес покажале повеќе компании, заради и чии барања се олесниле условите за учество на тендерот, за на крај тие воопшто и да не учествуваат.

— реклама —

Имено од првичниот услов банкарската гаранција да изнесува 5% од целиот износ на набавката, тој е преформулиран гаранцијата да се дава на секоја поединечна нарачка.

— реклама —

Дополнително поедноставувани се повеќе услови.

Компанијата која го добила тендерот не може сама да го исполни, и затоа истата е дела од групација, на чие чело се наоѓа странска фирма, која во повеќе наврати беше обележана и како фирма од која е увезуван штетен мазут.

— реклама —

Дали зад тендерот од 9 милиони евра стои некој од власта, и зошто фирмите кои се јавиле првично со барање да се корегираат условите не учествувале? Дали и кој ја спречил конкуренцијата? Дали некој од власта профитирал од тендерот тежок 9 милиони евра“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања