Промени тема
Контакт

Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
23022023_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja_2

Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Девет пратеници од СДС не подржуваат уставни измени. Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС.

Ниту пратеници од СДС не му се плашат на Ковачевски, и во СДС има луѓе кои се свесни за штетните анационални политики на ова раководство.

— реклама —

Дека Ковачевски нема поддршка од своите пратеници говори и фактот што не успеале заложбите да се направи документ дека сите пратеници ќе ги гласаат уставни измени како и тие да се формулирани, поради противење на горе споменатите пратеници.

— реклама —

СДС и ДУИ се движат кон ќорсокак.

Наместо Ковачевски да ја држи цела Македонија во заложништво, треба да го распушти Собранието и да одиме на предвремени парламентарни избори.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја преброди кризата, кој се темели на три столба, за кој се потребни првин избори и промена на власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања