Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ковачевски: Нема откажување од европската иднина, имаме визија и јасен план за Македонија - земја членка на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Ние имаме конкретен план, имаме волја и знаење, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно со Коалицијата за европска иднина, како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Тоа е почитувани граѓани прашањето на овие избори. И на претседателските и на парламентарните избори. Кој има план за иднината, а кој нема план и нема визија? Со кого е можен напредок и членство во ЕУ а со кого е можно само враќање назад во минатото? Надеж за подобра европска иднина со СДСМ и коалицијата за европска иднина и надеж со Стево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО - ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова - рече Ковачевски на граѓанскиот собир

— реклама —

Јас и Стево докажавме дека местото каде ние двајца заедно со сите вас граѓаните ќе ја однесеме целата држава е Брисел и ЕУ. И ако сакаат овие кои ќе изгубат на 8 мај да ни се приклучат, вратата е ширум отворена за сите - истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања