Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2023-12-28-at-11.54.59

Јасна е и силна пораката денеска. Тука од Битола, јасно и гласно кажуваме дека одиме напред, дека нема откажување од иднината. Нема откажување од надежта, од визијата, од желбата за подобро утре, од европска Македонија - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

— реклама —

-Направивме и грешки, но една работа ја направивме апсолутно правилно, патриотски и државнички: ја поставивме визијата за европска иднина на нашата земја и одиме до крај со неа. Влеговме во НАТО и започнавме преговори со ЕУ после 17 години чекање. Но, бидете сигурни дека нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја. Затоа на државата и на граѓаните им е е потребна Европската Унија! На сите нам ни е потребна Европската Унија - посочи Ковачевски

-Нам не нѝ треба европскиот сон. Не! Нам нѝ е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, а не во некоја далечна иднина или никогаш. Нам ни требаат правилата и надзорот на ЕУ можеме да ги подобриме здравството, образованието и правосудниот систем.- рече Ковачевски

— реклама —

-Затоа ќе ви кажам дека ние, учиме од грешките, и имаме план како да изградиме функционален систем по правилата на Европската Унија. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. И со таа визија одиме до крај! Нема откажување од европската иднина на Македонија!

-Овие избори се клучни за иднината на нашата држава и на нашите деца и внуци. И овој пат тоа е навистина така. Од овие избори зависи дали ќе останеме вистинскиот пат кој води кон просперитетна, развиена и европска Македонија или ќе дозволиме Мицкоски и ДПМНЕ да нè заглават во калта на безнадежноста и безизлезноста. - беше дециден Ковачевски

-Затоа, тука од Битола, ве повикувам на претстојните избори да ги поддржите СДСМ и Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. - рече Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања