Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски обезбеди помали сметки, а поголеми плати и пензии, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-skopje-1-vlada

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на здравствена, економска и енергетска криза докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, вели СДСМ

„Преку одговорен и домаќински пристап обезбеди помали сметки, а поголеми пензии и плати.

— реклама —

Просечната плата во државата, за пет години порасна за 44 проценти и се искачи на 34.364 денари.

— реклама —

Минималната плата од нецели 9.000 денари во 2017 година, достигна износ од 20.175 денари.

Сите 330.000 пензионери од овој месец добиваат пензии зголемени за 8,4 отсто, а веќе во септември ги очекува ново усогласување на пензиите.

— реклама —

Истовремено Владата предводена од претседателот Ковачевски, со замрзнување на цените на лебот, тестенините, млекото и млечните производи, ги намали сметките на домаќинствата и обезбеди олеснување за семејните буџети.

— реклама —

Со субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја домаќинствата плаќаат само 20 проценти од потрошената електрична енергија.

За СДСМ граѓаните се на прво место, неуморно работиме на подобрување на животот и стандардот на народот“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања